Louis Vuitton започнува со производство на парфеми

77

shutterstock_59868727

Познатата француска модна куќа Louis Vuitton планира да го освојува и пазарот за парфеми, пишува Harper’s Bazaar. Покрај популарните кожни куфери, чанти, ремени, чевли, додатоци и накит, брендот ќе им понуди на своите клиенти и мирис со познатото лого.

Парфемите ќе бидат комбинација од клучниот елемент на компанијата – мирисот на кожата и единствената арома на цветовите во Грас, градот што важи за престолнина на парфемите. Производите ќе се креираат во Fontaines Parfumées, на истото место каде се наоѓа и мирисната лабораторија на Dior.

За уникатните ароми ќе се погрижи Жак Кавалир Белетруд, човекот кој стои зад парфемите Stella од Stella McCartney и Dior Addict. Белетруд веќе има составено палета од ексклузивни природни материјали коишто ги собирал од регионот последните четири години.

Првиот парфем со потпис на Louis Vuitton се очекува да биде достапен за купувачите од септември.