Лов на буре во Скопје по повод 150 години Џек Даниелс

21

Jack Daniels 150 godini - 05

Најстарата регистрирана дестилерија во САД, Џек Даниелс, активно ја прославува својата 150-годишнина, а Македонија на 22 септември ќе се приклучи во овој настан што се случува на глобално ниво. Светски славното Тенеси виски ќе има лов на буре, а ова ќе биде интересна потрага што ќе ги обедини пријателите на Џек во земјата. Надоврзувајќи се на САД, Германија, Франција, Мексико, Нигерија и низа други земји кои ја комплетираат листата од вкупно 50 во 90 дена, обожавателите на Џек Даниелс во главниот град на Македонија ќе ја имаат истата прилика за учество во оваа глобална прослава.

Следејќи ги трагите што на 22 септември ќе бидат споделени преку локалната Facebook страница на Џек Даниелс, сите заинтересирани ќе можат да се испробаат во пронаоѓање на бурето кое што ќе биде сместено на тајна локација во Скопје. За да победат, учесниците треба да ја следат страницата на Џек Даниелс на Facebook, да ги решат водилките, да ја пронајдат локацијата на бурето и да ја кажат лозинката на местото каде што ќе биде скриено. Покрај уникатен, специјално дизајниран сет опрема за бар, победникот ќе освои и патување за двајца во Софија, Бугарија, што ќе вклучува превоз, сместување во хотел и билети за рок-концерт.

Barrel Hunt почна во јули, во родниот град и седиште на Џек Даниелс, Линчбург, а Македонија ќе се приклучи овој месец, кога ќе се придружат и други земји и градови. За време на глобалниот лов, 150 рачно изработени буриња за виски ќе бидат скриени на историски и културни точки во различни светски региони, а едната од нив ќе биде во Скопје. Македонската Facebook страница ќе им помогне на фановите да ја откријат тајната локација. Трагите, односно водилките, што се поврзани со историјата на градот, ќе бидат споделени на денот на лов – 22 септември. Бурето, пак, ќе биде отворено кога првата личност ќе пристигне на локацијата и ќе ја каже точната лозинка.

Секое скриено буре е рачно изработено и се користи за созревање на Тенеси вискито Џек Даниелс, а во него ќе биде сместена и специјалната награда.

“Бурето е клучно во производството на Џек Даниелс Тенеси виски бидејќи тоа е заслужно за 100% од неговата боја и за 70% – 80% од вкусот. Тоа е значаен дел од нашиот процес којшто е непроменет 150 години, а таа традиција ќе продолжи со секое буре што ќе го изработиме и со секоја капка од нашето виски. Со овој Barrel Hunt се прославува историјата на дестилеријата и на фановите им овозможува да се поврзат со Џек Даниелс”, вели Џеф Арнет, главниот дестилер на Џек Даниелс.

За повеќе информации за Jack Daniel’s Barrel Hunt, официјални правила и прописи, детали на локации и датуми, посетете ја интернет-страницата www.jackdanielsbarrelhunt.com.