Ако сакате патување до средината на земјата – тогаш можете да спиете во напуштен рудник во Северен Велс. Гостите имаат можност да преноќат во една од четирите дрвени куќички на 419 метри под земја, управувано од Go Below Underground Adventures.
Оние кои ќе се одлучат да преноќат во некоја од луксузно уредените кабини во напуштен рудник во Велс, мораат да имаат на ум дека патувањето до нив бара храброст и добра кондиција.
Ги очекува двочасовно пешачење, искачување, спуштање со зип-лајн и пловење низ подземни канали.
– Многу туристи што ги однесовме на нашите авантуристички патувања постојано ни велеа: „Зарем не би било одлично да спиеме овде“. И помисливме – да – зошто да не.
Деловниот потег е поттикнат и од зголемената популарност на Северен Велс како екстремна авантуристичка дестинација.
Но, не помина сè така мазно и без предизвици
Дури и најбрзото патување низ рудникот им одзема на искусните екипи повеќе од еден час додека тие се движат по тунели по стрмните карпи преполни со стара опрема и купишта отпад од шкрилци.
Враќањето е уште потешко, бидејќи треба да имаш сила да носиш сè на угорница. Но, вработените во Dip Slip велат дека реакциите од гостите вредат за трудот.
По напорното патување до дестинацијата, кога ќе стигнат до кабините, првата реакција на гостите е само „Леле!“.
Секако, ова „леле“ има своја цена. Ноќевање во колиба чини околу 400 евра – додека престој во „луксузна“ соба чини 600 евра.
Вклучена е храна, но оние што очекуваат гурманска гозба ќе бидат разочарани. Од безбедносни причини, постои и забрана за алкохол, што не е невообичаено, бидејќи последното нешто што сакате е да одите 500 метри мамурно.
Фото: Facebook