Luft Qi – најмалиот прочистувач на воздух

19

Фото: IndieGoGo

Luft Qi е првиот компактен прочистувач на воздух што користи нано технологија за да ја уништи мувлата, бактерии во воздухот, вирусите и токсичните хемикалии.

Производот нема филтер, полнењето е преку USB, голем е колку чаша за вода и лесно може да се носи било каде. Luft Qi исто така го елиминира чадот од цигари и миризбата од домашните миленици.

Уредот е дело на старт-ап со седиште Таипеи Тајван, а креатор на проектот е фирмата Titus & Wayne.

Прочистувачот ма своја кампања на платформата IndieGoGo и досега има собрано 67.511 долари, од потребните 25.000 долари, а кампањата трае уште  25 дена.

Првите испораки на Luft Qi се очекува да бидат во јули годинава.