Lufthansa ја откажа прославата на 60-годишнината поради падот на авионот на Germanwings

18

CRASH

Авиокомпанијата Lufthansa соопшти дека ја откажува прославата на 60-годишнината поради жртвите од падот на авионот на нејзината нискобуџетна подружница Germanwings што се случи минатата недела во Франција.

“Од почит кон жртвите од несреќата на летот 4U9525, Lufthansa ја откажува свеченоста за 60-годишнината на компанијата, која беше планирана за 15 април”, велат од авиокомпанијата во изјавата, јавува Блумберг.

Комеморацијата за 150 луѓе кои загинаа во падот на авионот на Germanwings во француските Алпи на 24 март, ќе се одржи во Келнската катедрала на 17 април.

Летот беше на релација Барселона – Дизелдорф.