Lufthansa ја заврши 2020 со загуба од 6,7 милијарди евра

47

Германската авиокомпанија Lufthansa објави помала од очекуваната нето загуба во четвртиот квартал и предвидува помала загуба во работењето во 2021 година, отколку во 2020 година, пренесува Ројтерс.

Компанијата објави нето загуба од 1,14 милијарди евра за периодот од октомври до декември. Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа 1,24 милијарди евра.

Финансискиот резултат на авиокомпанијата пред каматата и даноците е загуба од 1,29 милијарди евра, што е исто така помалку од очекуваното.

Годишната загуба на превозникот достигнува 6,7 милијарди евра. Во својот извештај, наведува дека не предвидува раст на приходите пред крајот на оваа година поради коронавирусот и постојаните ограничувања на патувањето.

Фото: Pixabay