Lufthansa откажа 750 летови поради штрајк на пилотите

18

lufthansa

Пилотите на германската авиокомпанија Lufthansa започна штрајк поради нивните барања поврзани со бенефициите за предвремено пензионирање, пишува Reuters.

Lufthansa откажа 750 од вкупно 1.400 летови, што ќе погоди над 80.000 патници.

Штрајкот на пилотите е втор оваа година и вкупно 11-ти поврзан за спорот околу бенефициите за пензионирање.

Германската авиокомпанија сака да ги намали трошоците и да ги зголемат буџетските операции, но напорите наидуваат на голем отпор од страна на пилотите.