Lufthansa отпушта 400 вработени, ќе ги замени со вештачка интелигенција

21

„Авиокомпанијата Lufthansa ќе укине една петтина од своите административни работни места, или околу 400 работни места“, пишува  Manager Magazin.

Внатрешната пресметка покажува дека Lufthansa би можела да забележи оперативна загуба од 800 милиони евра во 2026 година доколку продолжи со сегашниот бизнис тренд.

Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција, пренесува Reuters.

Во третиот квартал Lufthansa забележа пад на оперативната добивка од девет отсто на годишно ниво на 1,3 милијарди евра поради ниските приноси, високата конкуренција на пазарот и зголемените трошоци.

„Одложените испораки на авиони, проблемите со точноста во нашите центри во Германија и регулаторните недостатоци влијаат на нашиот основен бренд“, рече извршниот директор на Lufthansa, Карстен Спор во изјавата.