Lufthansa за прв пат оствари профит за време на пандемија

26

Германската авиокомпанија Lufthansa Group за прв пат објави профит за време на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19, по укинувањето на глобалните ограничувања за патување, што доведе до зголемување на побарувачката за летови летово.

Групацијата Lufthansa ги објави финансиските резултати на компанијата за третиот квартал од 2021 година. Компанијата во третиот квартал лани претрпе штета од 1,2 милијарди евра, а во третиот квартал годинава оствари добивка од 17 милиони евра.

Групацијата Lufthansa објави дека во тој период превезла вкупно 19,6 милиони патници.Германската авиокомпанија исто така објави дека бројот на резервации веќе достигна 80 отсто од нивото во 2019 година. Lufthansa беше на работ на банкрот поради пандемијата Ковид-19.