Луфтханза купува 22 нови авиони

55

Луфтханза ќе купи 22 авиони на долги релации како дел од програмата за модернизација на флотата, објави компанијата во четвртокот.
Надзорниот одбор одобри купување на 15 авиони Ербас А350 и седум Боинг 787 Дримлајнери.

Ербас ќе испорача пет стандардни А350-900 и 10 проширени варијанти А350-1000. Боинг го подготвува само стандардниот 787-9.

Испораката се очекува околу 2025 година, но компанијата е во преговори да купи повеќе авиони кои би можеле да бидат достапни порано.

Според ценовникот, купувањето ќе чини околу 7,5 милијарди долари, односно околу седум милијарди евра, но со ваква набавка продавачите најчесто се договараат за попуст.