Луфтханза нема да лета за Русија до пролет

Авиокомпанијата Луфтханза нема да го користи рускиот воздушен простор поради случувањата во Украина до 25 март следната година, објави германската авиокомпанија.

„Сите летови на „Луфтханза“ до и од Русија мора да бидат откажани во периодот до 25 март следната година“, беше наведено на веб-страницата на компанијата.

Германската авиокомпанија најави дека внимателно ја следи ситуацијата и за се ќе даде дополнителни информации во координација со државните и меѓународните власти.

Луфтханза нема да лета ниту за Украина.

„Воздушниот простор над Украина во моментов е затворен и таму нема прелети. Во зависност од развојот на ситуацијата, последователно ќе ја разгледаме одлуката за идните летови“, додаваат од компанијата.