Луфтханза откажа преку 670 летови

40

lufthansaГерманската авиокомпанија Луфтханза денеска откажа преку 670 летови, главно на европски дестинации, поради предупредувачки штрајк на аеродромскиот персонал, пред преговорите со управата околу платите.

Летовите се откажани од аеродромите во Франкфурт, Минхен, Дизелдорф, Берлин, Хамбург и Келн.

Вработените со штрајкот сакаат да извршат притисок на управата пред новите преговори околу платите кои започнуваат во петок. Синдикатот на вработените во Луфтханза база зголемување на платите од 5,2% за околу 33.000 вработени во Германија. Се бараат и гаранции за зачувување на работните места.