Луѓето бегаат од градовите, а цените на недвижнини паѓаат

65

Недвижнините во светот рекордно поевтинија поради коронавирусот, за дури 30%, според консултантската агенција Knight Frank.

Од почетокот на март, експертите бележат пораст на понудата на вили и станови со попуст од 30%, главно во Франција и Италија. Многу од имотите претходно беа на продажба, но сега се продаваат со попуст. Меѓутоа, расте побарувачката за вили надвор од градот, посебно во Лондон и Њујорк. Во Кипар популарни се вили и станови за изнајмување, поради затворените хотели.

Особено популарно е склучувањето договори без лично присуство, главно во државите од Карипскиот басен: Гренада, Антигва и Бермуди, Сент Китс и Невис.

Медиумите, повикувајќи се на агентите за недвижнини, пишуваат дека богатите во Русија преминале да живеат во викендички, бегајќи од корона вирусот. Во март, бројот на купопродажни договори на московската елита за куќи надвор од Москва пораснал за 12% во однос на истиот период лани.

Фото: Pixabay