Луѓето кои сами го стекнале своето богатство имаат една заедничка карактеристика

29

biznismen

Фото: Pixabay

По тригодишно истражување во коешто се вклучени повеќе од 200 милионери кои сами го стекнале своето богатство, Џуд Милер Бурк, ментор, консултант, говорник и милионер откри дека овие луѓе делат една клучна карактеристика. Според неа, она што им помогнало да успеат во животот е совесноста, пишува Business Insider.

Во нејзината книга Millionaire Mystique, каде подетално се пишува за направените истражувања, се вели дека токму оваа карактерна особина е најмногу поврзана со големата продуктивност и големите постигнувања во животот. Милионерите и милијардерите, што сами се збогатиле, ја поседуваат совесноста многу повеќе отколку помалку успешните луѓе.

Според неа, совесноста носи одлична организираност, дисциплина и сигурност. Овие луѓе работат напорно, умеат да ги контролираат своите емоции и знаат како да постапат во кризни моменти. Совесноста е одговорна и за внимателно планирање, спроведувањето на плановите, одржување на ветувања и вредно работење.

Освен истражувањето на Бурк и други студии ја поврзуваат оваа карактеристика со успехот. Националниот институт за ментално здравје во САД откри дека совесните мажи имаат поголеми плати и дека токму совесноста е поврзана со примањата и задоволството од работата, а со тоа и подолгиот животен век.