Луј Витон лансира колекција шминки

Откако првата линија шминка на Louis Vuitton беше објавена оваа пролет, сега е познат и официјалниот датум на лансирање.

На социјалните мрежи на брендот беше објавен тизер со кој се најавува дека луксузната линија La Beauté Louis Vuitton, под креативно водство на познатата шминкерка Дама Пет Мекграт, ќе пристигне кон крајот на август, пишува порталот Women’s.

Колекцијата се состои од 55 кармини, 10 балсами и 8 палети на сенки за очи.

Кармините се збогатени со рециклирани восоци од роза, јасмин и мимоза, путер од шеа и хијалуронска киселина. Пакувањето за полнење е направено од индустрискиот дизајнер Константин Грчиќ, внесувајќи елемент на одржливост и луксуз.

Цените на овие производи се далеку над просекот на пазарот.

Кармини и балсами: околу 160 долари. Палети за сенки за очи: околу 250 долари.

Високите цени предизвикаа мешани реакции, повеќето од нив коментираат за елитизмот и потребата од таква линија за убавина, додека брендот ја истакнува префинетоста и ексклузивноста на производот.