Лука де Мео е нов директор на Renault

88

Renault го назначи Лука де Мео за нов извршен директор, бидејќи францускиот автомобилски бренд сака да ја стабилизира компанијата, по хаосот што го предизвика поранешниот шеф на групацијата Карлос Гон, пред повеќе од една година, пишува Financial Times.

Италијанецот, инаку веќе поранешен директор на Volkswagen и Fiat, ќе се приклучи на Renault во јули, што претставува критичен момент за компанијата, којашто сака да го спречи падот на продажбата и да го подобри односот со партнерите од јапонската алијанса.

Преговорите меѓу Volkswagen и Renault траат веќе неколку месеци, а де Мео овој месец се повлече од местото извршен директор на Seat, којшто е дел од групацијата VW.