Лукоил ја прекина работата на нафтено поле во Ирак поради санкциите на САД

Руската нафтена компанија Лукоил објави дека ги прекинува работите на својот најголем проект во Ирак, нафтеното поле Западна Курна-2, откако американските и британските санкции ги блокираа нејзините операции и финансиски текови.

Ирачките власти потврдија дека сите плаќања кон Лукоил, во готово и сурова нафта, се прекинати откако беа воведени санкциите.

Поради неможноста за примање плаќања, компанијата го информираше ирачкото Министерство за нафта дека не може да продолжи со редовно работење, пренесува Ројтерс.