Луксембург – дом на над 84 меѓународни компании

62

Луксембург е мала европска држава, којашто за 15 години нема да изгледа исто како денес. Главниот град, што го носи името на државата, со децении беше “заспан“ средновековен град, чии мирни улици се дом на тајни финансиски институции.

Откако Велика Британија почна да се подготвува за излез од Европската унија, голем број компании од Ирска, Франција и Германија го избраа Луксембург како седиште на својот бизнис, пишува Fortune.

Денес ebay, Skype, PayPal своите европски централи ги сместија токму во главниот град на Луксембург, којшто сега е дом на 84 меѓународни компании.

Фото: Pixabay