
Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборџини“ денес објави дека во првиот квартал од 2025 година, неговите приходи се зголемиле за 29,6 проценти на годишно ниво на 895,2 милиони евра, а оперативната добивка за 32,8 проценти на 248,1 милиони евра.
И покрај геополитичките тензии и сè поинтензивните трговски конфликти, менаџментот на Ламборџини истакнува дека силниот раст е резултат на конзистентна стратегија што ги комбинира иновациите, перформансите и ексклузивноста.
„Иднината е во наши раце. Овие резултати ја потврдуваат силата на нашиот бренд и исправноста на нашата стратегија, дури и во економски несигурни времиња“, изјави претседателот и извршен директор на Ламборџини, Стефан Винкелман.











