Понекогаш производителите сакаат на тоа што го нудат да му дадат една поинаква димензија што не може секој да си ја дозволи. Некои од нив одат до крајности и создаваат тривијални работи коишто чинат цело богатство.
Во продолжение една листа каде луксузот малку повеќе ги преминал границите.
Шампањ – 1,8 милиони долари
Шишето е обложено со 18 каратно лого од бело злато и 19 каратен дијамант.
Чадор – 50.000 долари
Изработен од крокодилска кожа.
Нож – 40.000 долари
Изработен од врвен челик и украсен со дијаманти.
Тока за каиш – 25.000 долари
Изработен од чисто злато.
Слушалки – 14.500 долари
Направени од 50 грама 18 каратно злато.
Кесичка за чај – 14.000 долари
Украсена со 280 дијаманти.
Контактни леќи – 15.000
Декорирани со 18 дијаманти
Пенкало – 595.000 долари
Украсено со дијаманти и рубини
Тоалетна хартија – 1,38 милиони долари
Составена од 22 каратни ливчиња од злато.