Мајкл Барник, поранешен директор во Apple, ја продава својата куќа од соништата за 35 милиони долари. Тој потроши 10 години и 30 милиони долари за да ја изгради и опреми со сите удобности и технологија.
Иако Барник не стигна да живее во неа, куќата сигурно ќе биде совршен дом за оној што ќе ја купи со оглед на тоа што сите уреди, како светилките, телевизорите, климата, ролетните, камините на гас, вратите… можат да се контролираат од далечина преку таблет или смартфон.
Прекрасната куќа на две нивоа се наоѓа во Санта Барбара, Калифорнија.