Луксуз кој може да се види, чуе, мирисне, допре и вкуси. За да може вистински да цените еден луксузен предмет треба најпрво да ја знаете неговата историја. Без разлика дали е оброк, текстил, или музички инструмент, кога ја знаете приказната зад настанувањето, тогаш ќе ја цените и приказната за постоењето.
Допир – Pashmina
Во ткаенината pashmina која е еден вид на фин кашмир е исткаена една цела историја на создавање. Волната потекнува од козата Changthangi или Pashmina која живее во тешко достапните предели на Хималаите и е најмеката и најлуксузната што може да се најде во светот. Шаловите и другите текстилни производи кои рачно се прават од овој фин материјал се толку меки на допир, што го дефинираат луксузот за ова сетило.
Изглед – Kempinski Grand Hotel des Bains, Сент Морис, Швајцарија
Сместен во прекрасниот Алпски регион, овој ултра луксузен хотел кој денес е совршен спој на модерното и традиционалното, најпрво бил изграден во необарок во 19 век. Самата величенствена природа на Аплпите придонесува оваа градба да потсетува на замок од бајките и да биде вистинско уживање за очите.
Звук – Виенскиот филхармониски оркестар
Основана во 1841, Виенската филхаромонија е убедливо најдобриот оркестар во светот. Ценета поради нејзиниот карактеристичен звук често нарекуван и Виенски звук, оркестарот во октомври ја освои наградата Birgit Nilsson, најголемата награда во светот на класичната музика. Секоја година светот на први јануари со нетрпение го очекува новогодишниот концерт кој е мелем за сечии уши.
Вкус – Менито во лондонскиот ресторан L’atelier de Joël Robuchon
Ресторанот со Мишелин ѕвезда којшто е отворен во 2006 од страна на познатиот француски готвач Џоел Рубишо, се наоѓа близу Covent Garden во Лондон. Состојките кои се користат во вешто подготвените оброци се исклучително свежи и го имаат оној препознатлив и префинет француски вкус. Тартуфите кои инаку спаѓаат во најскапите јадења во светот се обележје на скоро секое мени во ексклузивниот ресторан.
Мирис – Paco Rabanne 1 Million и Lady Million
Гламурот и златото се одлична спојка, а тоа го потврдуваат и парфемите на Paco Rabanne, 1 Million и Lady Million, чии шишенца се обложени со 18 каратно злато. Луксузниот парфем со единствен мирис е спакуван во Perspex кутии (сефови), дело на дизајнерот Сидрик Раго кои се толку безбедни како оние во банка. Уникатниот мирис на 1 Million е свеж, со ноти на цитрон, ментол црвена мандарина, цимет, килибар и индонезиско пачули. Lady MILLION пак е нежен со арома на дрво и цвет, надополнет со свежина на портокал, јасмин и килибар.