Луксузен апартман во Ајфеловата кула во чест на Европското првенство во фудбал

86

377921

Веб страната за изнајмување HomeAway, што воедно е и спонзор на Европското првенство во фудбал 2016, го ангажираше францускиот дизајнер Беноа Лелу за да ја трансформира конференциската сала во Ајфеловата куќа во луксузен апартман.

За помалку од 48 часа овој простор доби нов лик – совршен стан за секој љубител на фудбалот, пишува Business Insider. Истиот вклучува една голема дневна соба со мала кујна, стакленик со неверојатен поглед на градот и две спални соби. Станот се наоѓа на висина од 57 метри, а зафаќа површина од 185 метри квадратни.

Веб страната избира четири победници од целиот свет кои ќе отседнат во апартманот на 23, 28 јуни, 4 и 8 јули, а досега имаат добиено 150.000 апликации. Станот е отворен за посетители, односно дневно прима тури до 500 луѓе.

636011730120152984-8.-Eiffel-Tower-finalHomeAway-Eiffel-Tower-Apartment-Living-Room1024x1024guests-can-enjoy-phenomenal-city-views-over-lunch-or-dinner-while-theres-a-small-kitchenette-to-make-the-space-feel-more-like-a-home-a-representative-from-homeaway-saidHomeAway-Eiffel-Tower-Apartment-Steps-to-Bedroom9.-Eiffel-Tower-final-980x660