Луксузен часовник од LG

44

LG-Watch-Urbane-Luxe-600x555LG во соработка со американската компанија за накит REEDS Jewelers произведе нова лимитирана верзија на часовникот Watch Urbane.

Станува збор за паметен часовник обложен со 23-каратно злато со Android оперативен систем, којшто ги нуди истите технички перформанси како и оригиналниот Urbane.

Луксузниот Watch Urbane Luxe, чија цена е 1.200 долари, има златен бројчаник, додека ремчето е изработено од кожа од алигатор.

Ограничената верзија ќе понуди 500 часовници, а истите ќе можат да се купат од следниот месец.