Луксузен дом на вода отпорен на секакви временски услови

32

Американската компанија Arkup заедно со бразилскиот еко-бренд  Artefacto креираше модерна пловна куќа отпорна на бури и други временски неприлики.

Домовите, коишто имаат структура на коцка, се самоодржливи и функционираат без мрежно поврзување благодарение на сончево напојување. Тие имаат и систем за собирање на дождовницата и прочистување на морската вода. Опремени и со специјални конструкции што помагаат градбата да “издржи“ поплави, ветрови и урагани.

Пловните домови се простираат на два ката, а вклучуваат дневна соба, кујна, трпезарија и тераса на покривот.

Фото: Arkup