Emirates, авиопревозникот од Дубаи, лансираше приватен луксузен авион кој слободно може да се опише како летечки хотел.
Па така подобраната верзија на Airbus A319 вклучува 10 приватни апартмани кои целосно се затвораат. Во нив има кревети на кои може да удобно да лежите додека гледате телевизија на рамниот 32 инчен екран.
Тука ќе најдете простран туш со спа каратеристики, подно греење, мермерни додатоци, природна козметика за нега на кожа и лускузни тоалети од Bulgari.
Главниот салон се приспособува според потребите на гостите, било да е тоа бизнис цетар за видео конференција и состаноци, или пак удобна дневна соба.
Сето ова благодарение на масите кои се активираат механички, двата 42 инчни LCD телевизори и двете гарнитури за седење.
Гостите ќе можат да избираат од 1500 канали за забава, да сурфаат на брзиот интернет и да ги вкусат врвните јадења од менито и сето тоа додека безбедно летаат во височините. Луксузниот авион може да смести до 19 гости.
Лансирањето на вакви приватни летови доаѓа од зголемената побарувачка од пазарите во Блискиот Исток, Европа, Индија, Русија и Кина, велат од авиокомпанијата.