Луксузен кујнски прибор од Missoni

80

Missoni-Home-Tableware-600x817Откако постигна успех со своите парчиња текстил и мебел, модната куќа Missoni дизајнираше и прибор за јадење.

Колекцијата на италијанскиот бренд вклучува чајник, сет за кафе, сет чинии, прибор за јадење и салфети.

Сите тие се достапни во четири дезени, линии и лотуси, целосно цветен мотив, форми на печурки и со познатите цик-цак шари на произведувачот.

Сетовите за чај и кафе се произведени во соработка со Ричард Џинори 1735, производител на порцелан кој датира од 18-от век.

Модната куќа Missoni е основана од Росита Мисони и нејзиниот сопруг Отавио пред 60 години. Во 1997, таа им ја предаде грижата за дизајнот на облеката на нејзините деца, за да се посвети на додатоците за домот или Missoni Home collections.
Missoni-Home-Tableware-collection-600x365 (1)
Missoni-Home-Tableware-2015-600x808