Луксузен пентхаус помеѓу стариот и новиот Дубаи

46

luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai (3)Сместен помеѓу стариот и новиот дел на Дубаи, луксузниот комплекс DIFC нуди неверојатен поглед на најпознатите обележја на градот.

Најинтересен дел од комплексот е пентхаусот каде насекаде можат да се забележат елементи од познати брендови, како и уреди со врвна технологија што совршено се вклуповаат во простор 1.000 метри квадратни.

Клима уредите во станот се опремени со Acqua di Parma арома, што го прават овој простор уште попријатен за престој.

На самиот влез ќе наидете на специјален орман за чување на пури, дело на Ahmed Seddiqui & Sons Louis, Louis Vuitton ковчег и полици за книги, а тука е и уникатното пијано Admiral.

Пентхаусот има стаклена фасада којашто го прави да изгледа како да лебди помеѓу двете нивоа на градбата.

Кујната е со потпис на Armani, а истата е опремена со Hermes и Versace прибор за јадење. Собите за гостите се наоѓаат на долното ниво, а спалната ја краси Roberto Cavalli кревет.

Сите четири спални соби на горниот кат се поврзани со долното ниво со помош на оригинални италијански скали направени од челик и стакло.

Пентхаусот го краси и спирален лустер што се спушта по линија на внатрешните скали, додека бањата е приказна за себе со црниот мермер и огледала осветлени на уникатен начин.

luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai (2)luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai (1)luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai (8)luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai (10)luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai-99luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai (12)luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai (5)luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-dubai (15)