Сместен на брегот на реката Шпре, овој пентхаус со неверојатен поглед на Берлин е едно од најубавите места за живеење во градот.
Домот кој што чини два милиони долари е сместен во населба која преставува совршен микс на авангардни трендови, одлична забава и квалитетен живот покрај пространите зеленила крај реката.
Луксузниот пентхаус се простира на површина од 200 m2, а располага со голема дневна соба, отворена кујна, две елегантни спални соби со сопствена бања, подно греење, климатизација и систем за наводнување на терасата.
Секое парче мебел е со висок квалитет, како дрво од орев, травертин, Bisazza плочки и друго.