Punta De Mita во Мексико е популарна дестинација за одмор, но она што го прави ова место единствено е ресортот Imanta.
Тој нуди целосна приватност и уживање во беспрекорната природа. Ресортот е окружен со 250 хектари густа џунгла и преубави песочни плажи, а го сочинуваат 12 вили од камен и дрво со мексикански дизајн.
Освен луксузното сместување и вкусните специјалитети, на гостите им се нудат и спа третмани, рибарење, гледање на китови, нуркање, играње голф и друго.