Луксузна Џејмс Бонд книга од Bentley Motors и Vintage Classics

4

Познатиот производител на луксузни автомобили Bentley Motors и издавачката куќа Vintage Classics ги здружија силите за да произведат лимитирана серија на книга за познатиот филм James Bond Casino Royale.

James-Bond-Book

 

Изданието ќе биде објавено во вкупно 500 копии, по цена од 1.200 долари.

Поврзаноста на Bentley со книгата е афинитетот на Џејмс Бонд за убави луксузни автомобили, па така лимитираната серија има детали кои се во знакот на Bentley.

Casino-Royale-Bentley-Edition-600x491

Корицата на книгата е изработена од кожа од белуга кит, иста како онаа во внатрешноста на автомобилите на Bentley, додека металниот дел потсетува на регистраските таблички на луксузните автомобили. Исто така, во еден скриен дел во пакувањето ќе најдете и сет карти како оние од филмот.

Книгата Casino Royale ќе излезе на 1 ноември, а нарачки ќе можат да се прават преку телефоните достапни на официјалната веб страна на Иан Флеминг, креаторот на Џемс Бонд.