Луксузна фотелја направена од остатоци од авион

32

Chair-Made-Of-DC-9-Jetliners-Engine1-528x300
Оние што сакаат оригинални и невообичаени работи ќе бидат воодушевени од оваа луксузна фотелја којашто е многу поинаква од сите останати, пишува Extravaganzi.

Парчето мебел е изработено од остатоци од DC – 9 Pratt & Whitney Jt8D мотор што ги изработувала компанијата McDonnell Douglas за потребите на авионот DC – 9.

Во периодот од 1965 до 1982 година биле изработени повеќе од 976 вакви летала, вклучувајќи и 47 воени C – 9 авиони. Последниот ваков патнички авион е “пензиониран” во 2014 година.

Откако му е избришана бојата, искористениот дел за фотелјата е исполиран неколку пати со цел да се добие висок сјај, односно ефект на огледало. Седиштето е обложено со висококвалитетна црна кожа.

Во цената што изнесува 8.500 долари вклучен е и сертификат за автентичност.

Chair-Made-Of-DC-9-Jetliners-Engine2-528x300