Луксузна пловечка викендица од милион евра

157

2551E2FA00000578-2939315-image-a-1_1423479566982Британскиот дизајнер Хенри Ворд ги претстави своите уникатни дизајни на пловечка викендица, кои имаат форма на јајце и на прв поглед изгледаат како да се излезени од научно фантастичен филм.

Поради својата оригиналност, дизајните се најдоа на листата на Интернационалите награди за дизајн на јахти и авијација 2014 (International Yacht and Aviation Design Awards) и постои голема шанса истите да станат реалност.

Дури и најмалата ваква двособна куќичка би чинела еден милион евра. Младиот дизајнер ги осмисли овие градби како еден вид на мини остров кој може да биде стациониран на вода или како викендичка на плажа.

Должината на зданието изнесува 15 метри, ширината 3,7, додека висината е 2,4 метри, опремени се со тераса и балкон, како и прозорци со панорамски поглед.

Според желбите на клиентот, дизајнот може да има џакузи на терасата, базен и камини во дневниот простор.

2551DECC00000578-2939182-image-a-21_1423040432137 2551E33C00000578-2939182-image-a-14_14230403953372551DEFC00000578-2939315-Ward_s_designs_offer_a_modern_and_luxury_floating_space_that_bri-a-1_14235598652822551E2A800000578-2939315-A_mobile_home_with_a_difference_This_woulnd_t_be_a_bad_spot_to_p-a-2_14235598653182551E07B00000578-2939315-image-a-4_14234795961412551E13400000578-2939182-image-a-23_1423040438817Floating-Lodge-Bedroom