Луксузна вила со “вграден” vintage авион

3

luksuz-vila-arhitektura-dizajn (4)Архитектите умеат да осмислат генијални и интересни идеи за тоа како би изгледал животниот простор, но некои од нив ги надминуваат сите очекувања, пишува Wall Street Journal.

Моментално во изградба е една вила во Малибу, со еден малку невообичаен детал, винтиџ воен авион сместен над големата дневна соба што ја објаснува високата цена од 60 милиони долари.

Вилата е планирано да се изгради кон средината на 2016 година на место каде до 2007 година се наоѓаше шкотски замок со заоблени порти и кула, којшто изгоре во пожар.

Домот ќе се протега на површина од 1.500 метри квадратни, а ќе вклучува пет спални и низа неверојатни луксузни погодности како поглед на океан.

Скот Глен, архитектот кој стои зад ова дело е познат по користење на винтиџ елементи во своите модерни дизајни, па реставрираниот авион сигурно ќе биде во центарот на вниманието на идните сопственици и гости.

Вилата има и сопствена сала за вежбање, играчница, винарија, соба за уживање во луксузни пури, базен, куќа за гости и друго.

luksuz-vila-arhitektura-dizajn (5)luksuz-vila-arhitektura-dizajn (6)luksuz-vila-arhitektura-dizajn (7)luksuz-vila-arhitektura-dizajn (8)luksuz-vila-arhitektura-dizajn (9)luksuz-vila-arhitektura-dizajn (10)luksuz-vila-arhitektura-dizajn (11)luksuz-vila-arhitektura-dizajn (12)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-99luksuz-vila-arhitektura-dizajn (3)