Луксузните производи се продаваат добро

Акциите на најголемиот светски производител на луксузни стоки Louis Vuitton Moët Hennessy (LVMH) вчера пораснаа за осум отсто.

Зголемувањето дојде откако компанијата на својата веб-страница објави дека нејзиниот приход за 2023 година е 86,15 милијарди евра, што е над очекувањата на Волстрит.

Според извршниот директор на компанијата Бернард Арно, LVMH повторно забележа значителен раст на приходите и профитот и покрај економските и геополитичките предизвици во изминатата година.

Добриот резултат е резултат на меѓугодишниот раст од 14 отсто во секторот за мода и кожни производи и 11 отсто пораст во секторот парфеми и козметика, додека секторот за вино и алкохолни пијалоци падна за четири отсто во споредба со 2022 година, пренесува CNBC.

„Со доверба влегуваме во 2024 година“, рече Арно и го истакна партнерството на LVMH со Олимписките и Параолимписките игри во Париз, кои се одржуваат оваа година.