Луксузно божиќно пиво со златни снегулки

21

Yellow Snow Beer by Pang Pang Infused with Real GoldПо повод претстојните Божиќни празници, пиварницата Pang Pang со седиште во Стокхолм произведе пиво кое во себе содржи златни ливчиња.

Пиварницата е позната по тоа што произведува невообичаени пива, а златното Yellow Snow е токму едно од нив.

Пивото е посебно поради тоа што во него се додадени таканаречени златни снегулки. Концентрацијата на алкохол е 7,9% што се совпаѓа со бројот на златото на периодичниот систем.

За да се нагласи моментот на златните ливчиња, лимитираната селекција на пиво е фино преточена во шишиња налик на оние за шампањ.

Поради својата ексклузивност, на пазарот ќе бидат пуштени само 1.900 шишиња Yellow Snow.