Луксузно шише шампањ од вендинг машина

24

По кавијар и висококвалитетна маскара, сега од вендинг машина може да се добие и луксузен шампањ Moet & Chandon.

moet-vending-machine-600x600

Ваквата машина за шампањ, од која може да се земе мини шише со овој пенлив пијалок, се наоѓа во познатата стоковна куќа во Лондонд, Селфриџис. Многумина сметаат дека ова е само еден обид на производителот на Moet & Chandon, да се доближи до широките народни маси, обезбедувајќи им полесен пристап до луксузниот шампањ, спакуван во мали шишиња декорирани со 350 Swarovski мини кристали.

Вендинг машината се наоѓа во празничниот Божиќен оддел, каде купувачите можат да добијат шише од 200 ml по цена од 29 долари.

e18862image4

Шампањот на Moet & Chandon е последниот од низата луксузни производи кои можат да се добијат автоматски од вендинг машина.

Минатата пролет лондонската стоковна куќа исто така лансираше вендинг машина од која можеше да се купи  Chanel  маскара во одреден промотивен период, а лани во САД се појави и првата вендинг машина за кавијар, спакуван во различни примамливи форми.

caviar-vending-machine