Лустер од алги што го прочистува воздухот

21

2_1200

Фото : Julian Melchiorri

Џулијан Мелкиори, дизајнер и инженер од Лондон креираше “жив“ лустер, којшто не само што ја осветлува собата, туку и го прочистува воздухот во неа, пишува Inhabitat. Exhale Chandelier има стаклени листови исполнети со зелени алги коишто го апсорбираат јаглерод диоксидот од воздухот и притоа испуштаат кислород.

Неговата модуларна форма овозможува листовите да се менуваат во широк спектар на форми. Лустерот може да се користи и надвор и внатре, односно онаму каде што е потребно прочистување на воздухот.

Мелчиори е и водечки биохемиски и технолошки истражувач. Иновативниот дизајн е резултат на повеќегодишно истражување и изработка на неговата уникатна технологија наречена “вештачки лист”.

Овој лист е базиран на основните закони за фотосинтезата, претворање на јаглерод диоксид во кислород и создавање на еден прекрасен производ.

Иако лустерот е прототип во моментов, дизајнерот планира интегрирање на неговата фото – реактивна технологија во разни градби ослободувајќи ги од штетни емисии.