Лустер – прекрасно уметничко дело од дрво

55

20130610-231817_547Тира Хилден и Пио Дијаз се двајца уметници од Копенхаген, Данска кои создаваат прекрасна уметност, од светлосни инсталации до огледала и слики од пепел. Нивната работилница Hilden Diaz постои од 2005 година.

Едно такво уметничко дело е и овој лустер којшто е составен од светлосен извор опкружен со минијатури скулптури од дрво и корен. Со тоа што светлината е сконцентрирана кон центарот на овој уникатен предмет, се создаваат огромни сенки на површините во просторијата каде е поставен лустерот.

Атмосферата е неверојатна што за момент ќе помислите дека се наоѓате во некоја шума со голи дрвја. Инспирацијата за лустерот, наречен Облици во Природата (Forms in Nature) креаторите ја црпеле од цртежите на дарвинистот Ернст Хекл.

20130610-231756desktop-1406688385_600lead0113_659article-0-1B83F3BA000005DC-645_634x424_634

hildendiaz-forms-in-nature