Lycamobile, најголемиот меѓународен мобилен виртуелен оператор (MVNO) започна со работа во Македонија, која стана 21 држава во Lycamobile интернационалната мрежа, стои во соопштението.
“Македонските граѓани ќе може да ги уживаат придобивките од Lycamobile и нашите нискобуџетни тарифи за национални, меѓународни повици, како и интернет сообраќај.
Понудите на Lycamobile особено ќе им бидат привлечни на граѓаните кои имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. Lycamobile нуди импресивни цени без трошоци за роаминг во дури 18 земји во светот. Ова е одраз на широката визија на компанијата, која се стреми да им овозможи на корисниците да се поврзат со своите пријатели и семејства ширум светот по најповолни цени“, стои подолу во соопштението.
Во 2015 година Македонија оствари стапка на раст во мобилната телефонија од 108%, поради што Lycamobile донесе стратешка маркетинг одлука за да ги искористи предностите на таквиот растечки пазар.
Основана со мисија да ги поврзува пријателите и семејствата ширум светот, Lycamobile многу бргу прерасна во компанија, што им служи на 15 милиони корисници ширум светот, вклучувајќи ги корисниците од Европа, САД, Австралија, Хонгконг и Тунис.
“Македонија е држава што се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа , oкружена со некои од најпопуларните земји, а нејзината телекомуникациска индустрија доби значајни странски инвестиции во последниве години. Имајќи го предвид тоа, Македонија е нашиот следен чекор, со што продолжуваме да се прошируваме на меѓународно ниво”, изјави генералниот директор на Lycamobile, Субаскаран Алираџах.
Lycamobile мрежата е достапна во Австралија, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Хонгконг, Ирска, Италија, Македонија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тунис, Обединетото Кралство и САД.