Lyoness со завршена втора фаза од донациите за поплавените семејства

22

donacija

Фондацијата Child & Famiy под раководство на Lyoness, успешно го реализираше вториот дел од големата хуманитарна акција за помош на точно шест скопски семејства, чии домови беа уништени од разорните поплави во периодот од изминатиот месец.

Второто семејство кое доби помош во вид на апарати за домаќинство е семејство од Сингелиќ, кое во своите најтешки моменти го почувствува вистинското значење на корпоративната филантропија која ја споделува Lyoness, а тоа е активирање на човечки ресурси и средства за помош на оние помалку среќни луѓе на кои помошта им е најдобредојдена, стои во соопштението.

Со единствена цел обезбедување на услови овие погодени семејства што побрзо да успеат да го вратат својот живот во нормала, фондацијата во соработка со канцеларијата на Lyoness во Македонија, обезбеди одреден износ на средства за купување на нови електронски апарати за домаќинството (шпорети, фрижидери, машини за перење и друго) – како апарати кои претходно беа утврдени како итно потребни за засегнатите семејства.

На останатите четири скопски семејства, чии домови претрпеа огромни материјални штети од минатомесечната поплава, очекуваната  поддршка од Lyoness ќе им биде предадена набрзо.