M SAN го претстави хрватскиот паметен телефон Vivax

25

vivaxХрватската компанија M SAN Група го претстави денес својот паметен телефон под брендот Vivax Point, кој во првите две недели откако е пуштен во продажба е продаден во над 4.000 примероци. Компанијата очекува добри резултати, а уште во 2014 година планира да заземе 15% од хрватскиот пазар на паметни телефони.

Новиот телефон доаѓа во два модели, а се произведува во фабриката на компанијата во Кина, во која има и лабораторија за тестирање на квалитетот според ЕУ регулативите и норми.

Двете верзии X40 и X45 работат на Андроид 4.2 и со поддршка за две СИМ картички. Претходно Пословни пишуваше дека телефоните се продаваат по цени од 91 и 117 евра.

Владимир Бркљача од M SAN најави дека во идната година ќе развијат уште три категории на паметни телефони.