Madbarz – хрватска апликација за индивидуализирани тренинзи

23

1

Хрватската фитнес апликација Madbarz доби официјална мобилна апликација која ќе им овозможи на луѓето да го адаптираат тренингот на своите потреби и детално да ја следат секоја вежба без да одат во теретана.

Секој тренинг се следи, за подоцна корисникот да има детална статистика и увид во својот напредок преку бројни податоци.

2

Според основачите Никола Мратиниќ и Лука Мацнер, без разлика дали сте почетник или професионалец, женско или машко, ќе добивате индивидуализирани тренинзи по ваша мерка кои ќе ви помогнат да ги остварите фитнес целите, пишуваат хрватските медиуми.

3

“Ако ја користите апликацијата во комбинација со веб верзија, можете бесплатно да направите многу комбинации од вежби што ги креира Madbarz или заедницата зад него. Така ја елиминиравме потребата за плаќање за вежбите или пребарување по нив по интернет”, вели Мацнер.

Mаdbarz е старт-ап со шест вработени, а својата прва инвестиција ја доби минатата година од европскиот инвеститор TractionTribe.