Регионалните власти на Мадрид наскоро ќе ги забранат апликациите за изнајмување електрични тротинети, откако преговорите меѓу сопствениците на овие фирми и владата во шпанската престолнина пропаднаа.
Како што пишува Гардијан, од октомври ќе бидат повлечени лиценците за трите апликации Lime, Dott и Tier Mobility.
Преговорите, на крајот, пропаднаа поради два непремостливи проблеми. Еден од нив е паркирањето.
Трите оператори требаше да обезбедат пристап до податоците до канцеларијата на градоначалникот и им беше наредено да имплементираат технологија што ќе ги принуди корисниците да ги остават скутерите во одобрените зони и да го спречат изнајмувањето скутери на улици само за пешаци или во близина на историски паркови.
Операторите не ги исполниле овие услови, се вели во соопштението на градоначалникот и се додава дека имаат рок од 20 дена да поднесат жалба.
Да потсетиме, сличен потег направија градските власти во Париз претходната година. Пред да ја донесат оваа одлука, властите во француската престолнина им дадоа можност на граѓаните да го кажат своето мислење на јавна консултација. Голем број граѓани на Париз се согласија со забраната.