Maersk очекува пад на профитот во 2023 година

27

AP Møller-Maersk предвидува пад на профитот оваа година, како и можна контракција на глобалната трговија поради забавување на остриот раст на контејнерскиот превоз, што беше забележан во претходните две години.

Данската компанија, втората најголема светска групација за транспорт на контејнери, прогнозира дека нејзината основна оперативна добивка ќе биде помеѓу 2 и 5 милијарди долари оваа година, што е огромен пад од 2022 година, кога изнесуваше рекордни 31 милијарда долари. Само во четвртиот квартал компанијата заработи 5,1 милијарди долари, дури и по нормализирањето на карго превозот.

„Додека влегуваме во година со негативна макро перспектива и нови видови на несигурност за нашата, ние сме решени да ја забрзаме трансформацијата на нашиот бизнис и да ја зголемиме оперативната совршеност за да ги искористиме уникатните можности што ни се претставени“, рече извршниот директор на Maersk, Винсент Клер, пренесува Financial Times.

Клер, кој ја презеде функцијата извршен директор на 1 јануари оваа година, се соочува со тешка ситуација: компанијата постигна рекордни резултати во 2022 година благодарение на зголемената побарувачка предизвикана од пандемијата, но оваа година ситуацијата е многу потешка.

Од бродската компанија соопштија дека глобалната побарувачка за контејнерски транспорт се очекува да биде помала за 2,5 отсто, со дополнителни 0,5 отсто, што е значителен пад по две години раст.