Мафијата се прилагоди на пандемијата: Им нуди помош на бизнисмените, па им ги одзема компаниите

52

Италијанските мафијаши ја зголемија активноста за позајмување пари на мали компании кои тешко се справуваа со економските активности за време на првиот бран на коронавирусот, се вели во извештајот на италијанската канцеларија за сузбивање на организиран криминал.

Како што пишува Financial Times, “пријателската рака на соработка“ подоцна скапо ги чинела претприемачите, кои соочени со неможноста да го отплатат долгот, морале да ја предадат компанијата на криминалците.

Во извештајот на Истражната управа (DIA) се посочува дека постои значителен ризик организираниот криминал да ја искористи економската криза во земјата предизвикана од пандемијата на коронавирусот за да заземе значителен број мали компании, на кои претходно им пружи финансиска помош .

Мафијашките групи “им нудат помош на компаниите кои имаат потешкотии, но потоа усвојуваат традиционални методи на заплашување со цел да преземат контрола врз нивните економски активности“, се вели во извештајот.

Извештајот го опфаќа периодот од јануари до јуни минатата година.

Фото: Pixabay