Магазинот Vogue доаѓа во регионот

Сите модни ентузијасти ги дочекува одлична вест – доаѓа Vogue Adria.
Сите кои ја сакаат модата ја знаат важноста и моќта на магазинот Vogue во светот на модата и модниот бизнис, пишува Bonjour.ba.

За оние кои сакаат печатени модни списанија, одењето на одмор во други земји значи барање на најновото издание на магазинот Vogue.

Од оваа година тие ќе можат да го читаат истото на регионални јазици и да уживаат во модните содржини создадени во регионот Адриа. Овој најнов додаток на Vogue ќе ги опфати Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Ќе се објавува истовремено во печатена и онлајн верзија.

Информацијата ја пренесоа основачите на Вог Адриа, Ненад Јањатовиќ и Милан Ѓачиќ.

Издавањето на првиот број се очекува веќе оваа година, а тимот што ќе го води Vogue Adria ќе биде од главните градови на Хрватска, Србија и Словенија, додека уредничкиот тим ќе биде објавен во наредните месеци, се наведува во соопштението.

Фото: Facebook