Маичка со кратки ракави од 91.500 долари

12

Во последната колекција за мажи на модната куќа Hermes се најде и една навидум обична маичка со кратки ракави, но со многу невообичаена цена – 91.500 долари. Што го прави ова мало парче облека толку скапо? Таа е целосно изработена од крокодилска кожа.

Hermes-crocodile-Tshirt-468x703

Луксузната маичка за прв пат беше промовирана минатата есен за време на модното шоу Spring 2013, како дел од колекцијата со крокодилска кожа.

Скапото парче облека неодамна беше изложено за продажба во продавницата на Hermes на Madison Avenue во Њујорк. Само таксата на маичката чини неверојатни 8.000 долари, како што може да се види на случајно направената фотографија.

Hermes-tshirt-label-468x398