Фото: Pixabay
Глобалните хемиски гиганти DowDuPont и BASF инвестираат голем износ на пари за производство на незаситен шеќер што природно се наоѓа во мајчиното млеко, пишува Independent.
DuPont предвидува дека овој пазар на годишно ниво ќе достигне една милијарда долари.
(Human milk oligosaccharide – HMO) Олигосахаридите во мајчиното млеко се составен дел од млекото, веднаш по лактозата и маснотиите.
Кај бебињата, HMO, го зајакнува развојот на имунолошкиот систем, се бори против инфекциите и воспаленијата, го помага развојот на мозокот. Но, новите истражувања покажуваат дека придобивките од НМО може да се прошират и на возрасните.
Вештачкиот НМО доаѓа од индустријата за производство на формула со цел да се произведе млеко што е приближно до вистинското.
Со НМО може да се третираат болести на возрасни луѓе, како што се: синдром на нервозно дебело црево, алергии и развој на мозочните клетки.