Мајкл Блумберг сака да го купи The Financial Times

12

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, сопственик на истоимената агенција, ја разгледува можноста да го купи The Financial Times и еден дел од The Economist, пишува The New York Times.

Според пишувањата, двајца главни директори во издавачката куќа што го издава FT би можеле да заминат од компанијата, а тоа дополнително ги поттикна гласините дека весникот ќе оди на продажба.

The New York Times наведува дека Блумберг отворено зборува за можноста да го купи весникот на кој му се воодушевува, но некои од неговите партнери се против оваа идеја.

Проценетата пазарна вредност на FT е 1,2 милијарди долари, што е значително под вредноста на компанијата Bloomberg LP, која минатата година имаше приходи од 7,6 милијарди долари. Токму поради тоа, една фракција од Блумберг смета дека би било подобро да се купи некоја дигитална компанија, како LinkedIn, а не печатен медиум на кој не му се предвидува светла иднина.